Луси Хелеин имала вградено контрацептивна спирала и бременоста е последното нешто што го очекувала. Но баш во ваква ситуација се нашла оваа мајка на две деца од Алабама. За спиралата се смета дека е ефективна во 99% од случаите. Спиралата ја пронашле бабиците веднаш по раѓањето на малиот Декстер, минатата недела.
Се верува дека Луси забременила само неколку дека откако ја добила спиралата. Кога дознала дека е трудна докторите и рекле дека најверојатно спиралата испаднала, затоа што не можеле да ја видат на ултразвук, но потоа била забележана зад плацентата, за време на царскиот рез.
На фотографија објавена на Фејсбук се гледа како Декстер силно ја стиска направата, со што се добива впечаток дека се родил така. Но сликата е наместена и на новороденчето му е дадено да го држи контрацептивното средство. Ова слика има над 70.000 споделувања.
„Декстер навистина бил решен да се роди, терминот за породување ми беше 4 мај, но како што кажаа и лекарите „волјата на оваа дете е силна.“ Иако не беше планиран, тој е вистински благослов.“, вели Луси.