52-годишната Лиса Морлок била нападната од крадец во нејзиниот дом во Тенеси. Таа ја отворила вратата на жена која што делела флаери за да си го пронајде наводно изгубеното куче, но кога сакала да ја затвори вратата била повлечена од страна на маж со маска кој сакал да ја одвлечка надвор.
Жената почнала да се бори со мажот кој се обидувал да влезе внатре и кога забележала дека има пиштол ја зграбила бејзбол палката, која што се наоѓала до вратата и започнала да го удира напаѓачот. Крадецот завршил во болница.
„Тој рече Ова е грабеж, како да игравме фудбал а јас сум најмалиот играч во одбрана“, вели храбрата Лиса која е висока само 125 сантиметри.
Во тој момент во куќата биле и нејзината 18-годишна ќерка со пријателката. Кога ја слушнале вревата и двете девојки притрчале да помогнат. Најголемиот шок за Лиса пристигнал кога ја тргнала маската на крадецот и видела дека се работи за нивен долгогодишен пријател, со кој се познава веќе 15 години.
По инцидентот Лиса вели дека секоја жена има право на самоодбрана. 34-годишниот напаѓач Џо Сотело бил обвинет за кражба и за физички напад, додека неговата девојка, која учествувала во играта, не била обвинета затоа што се докажало дека била приморана и тоа го направила од страв за својот живот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!