Еден селанец отишол во градот да продава живи птици. Кога се пристемнило, му останал еден ситен патор. Селанецот решил да отиде на кино, но таму не го пуштиле со птицата. Тој го мушнал паторот во панталоните, па така влегол и седнал до една девојка која јадела пуканки. Филмот завршил и сите си отишле. Девојката се сретнала со една нејзина пријателка и и рекла:
– Мими, видов чудо!
– Какво чудо?
– Па седев во киното до еден маж. По едно време дуќанот му се отвори, и му се покажа онаа работа…
– Ееее, па ти до сега не ли си видела?
– А бе сум видела, ама не сум видела да краде пуканки и да ги јаде!