Овие двајца родители биле скршени од болка кога им соопштиле дека бебето кое што го очекуваат нема да се роди живо, или пак доколку се роди ќе живее само неколку часа. Но Кери со поддршка од нејзиниот сопруг решила да се породи со бебето, со надеж дека неговите органи ќе спасат нечиј живот.
Новороденчето имало ретка болест поради која неговиот мозок не се развил. Бебето било девојче, и родителите и го дале името Ева. Иако скршени од болка поради тоа што ќе го изгубат бебето, Кери и нејзиниот сопруг Ројс биле среќни што нивнта ќерка ќе спаси нечиј живот.
Но за трагедијата да биде уште поголема Ева се родила со уништени органи. Ројс вели: „Не дека тагата треба да се рангира, но откако ја слушнавме дијагнозата за Ева се чувствуваме уште полошо, знам дека звучи глупаво, но се чувствувам дека ги изневеривме луѓето на кои им требаше помош.“
По неколку часа пристигнала вест од лекарите дека очите на Ева сепак ќе може да се донираат. Ева е првата личност од Оклахома која донирала очи. Таткото на Ева изјавил дека многу би сакал да ја запознае личноста која ќе ги добие очите на Ева.
На 16ти април, 31-годишната Кери ја родила Ева и заедно со нејзиниот сопруг и 2-годишниот син Харисон, се збогувале со неа. Тие исто така направиле мала фотосесија со нивното бебе, со цел да имаат нешто за сеќавање. Ројс вели дека и се восхитува на неговата сопруга, што издржала бременост, за кога што со сигурност знаеле дека нема да заврши среќно, само за да направат еден ваков несебичен чин.