15-годишна тинејџерка од Шпанија била хоспитализирана откако нејзините родители донале дека го прифатила предизвикот на новата самоубиствена игра Син Кит. Вестите за девојчето од Шпанија пристигнаа само неколку дека откако слични вакви ситуации имало и во Велика Британија. Грижата кај родителите од целиот свет се зголемува откако низа на самоубиства кај тинејџери преку оваа игра, започна во Русија.
Девојчето од Шпанија изјавило дека била контактирана од некој мистериозен интернет корисник, на почетокот на месецот, кој ја прашал дали сака да изврши самоубиство а потоа и ги пратил основните информации како да го направи тоа. Корисникот барал девојчето да му праќа фотографии како доказ, како и да ги брише разговорите со него.
Првин девојчето имало неколку дневни задачи, да се самоповредува по рацете и да оди до блиската железничка станица и да ги гледа возовите како поминуваат. Нејзиниот краен предизвик бил да се фрли под воз. Но во меѓувреме девојчето се доверило на некој роднина и веднаш било однесено во болница а потоа и на психијатар.
Сега за сега ова единствен случај во Шпанија од ваков тип. Во Русија се стравува дека има над 130 случаи кои се поврзуваат со Синиот Кит. Јулија Константинова,15 години и Вероника Волкова,16 години, скокнале од покривот на нивната зграда во Уст-Илимск, Русија. Јулија оставила порака на Фејсбук која гласела:”Крај” и ставила слика од син кит.
Освен тоа што играчите мора да “нацртаат” син кит на раката или ногата, со нож, тие исто така по цел ден гледале хорор филмови и се буделе во 04:20 часот наутро. Директорката на училиштето Вудланд во Басилдон, Англија, напишала јавно писмо до сите родители, во него пишувало:”Со помош на полицијата откривме игра за која сметам дека треба да бидете свесни. Се вика Играта Синиот Кит и се игра преку повеќе социјални платформи. На играчите им се доделува господар кој ги контролира 50 дена и секој ден им дава задача на играчите која треба да ја исполнат. На последниот ден од играта, господарот му наредува на играчот да се самоубие. За жал многу деца низ светот го направија ова.”
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!