Печалбар се враќа ненајавено дома и за малку што не ја фаќа жена си со љубовникот во спалната. Сопругата брзо го турка љубовникот гол на балконот. Љубезно го пречекува сопругот, му прави вечера. Надвор е зима, станот е на десеттиот кат и љубовникот нема шанси да исчезне. По некое време тој чука на балконската врата:
– Многу се извинувам, господине, бев кај сосетката ви на горниот кат, и кога наеднаш се врати нејзиниот сопруг. Скокнав на вашиот балкон. Ќе ми помогнете ли? – Го прашува љубовникот рогоносецот.
– Се разбира, ние мажите треба да си помагаме.
Сопругот го облекува љубовникот во свои алишта, му става една ракија за да се стопли и го испраќа да си оди дома.
Вечерта, кога си легнуваат со жена си, одеднаш нешто му светнува на сопругот:
– Митро, или ти си курва, или над нас се подигнал уште еден кат!!!