Вашиот дом го одразува тоа што сте вие, и тоа е главната причина поради која луѓето го персонализираат нивниот личен простор со уметнички дела и украси кои ним им се допаѓаат. Истото важи и за мебелот – купувате мебел кој ви се допаѓа на вас и со кој ќе се чувствувате удобно…а ако го нема тоа што го барате според вашиот префинет вкус, можете и самите да си направите.

Таткото и синот со осет за „направи сам“ проекти на ова му пристапија со екстра страст и ги изработија најубавите полици за книги коишто воопшто ќе ги видите. Употребувајќи само широко достапно обично дрво, дизајнирааа прекрасни извртени полици кои совршено се вклопуваат во сечија соба.

Завршениот проект изгледа неверојатно!

pl01

Првин ги сечат предните панели, кои на полиците им го даваат извртениот изглед.

pl02

Потоа ги сечат и парчињата врз кои ќе стојат книгите.

pl03

Сите делови за една полица за киги, заедно со двата предни панели, подножните панели и парчињата за книги.

pl04

Потоа ги лепат деловите за подножните панели.

pl05

Ги спојуваат и предните панели.

pl06

Подготвени за бојадисување.

pl07

Нанесуваат два слоја боја за дрво и три слоја проѕирен премаз за дрво за краен финиш на полиците.

pl08

Сподели на Facebook
пати видено