Жена од Велика Британија била запрепастена откако пронашла пораки на телефонот на нејзината 10-годишна ќерка, пратени од возрасен маж од САД. Таа не сакала да го открие нејзиниот и идентитетот на нејзината ќерка, но го открила името на педофилот, односно корисничкото име кои го користел на видео мрежата Live.Me, Даниел Форел.
Даниел барал од малото девојче да ја подигне маицата и да се фотографира. Овој маж, за кој се верува дека е од Флорида, првин го контактирал девојчето преку Снапчет а потоа и преку Live.Me. Тој најпрвин и праќал нормални пораки, за да му верува девојчето, а потоа побарал и да се слика за него, но не селфи, туку да има и нешто друго во сликата.
Мајката на девојчето редовно го проверувала телефонот на нејзината ќерка и кога ги видела овие пораки, решила таа да продолжи да пишува со педофилот за да дознае повеќе за него. “Ме запрепастува помислата дека мојата ќерка не е единственото девојче кое го демне. Ќерка ми е доволно зрела за свои години и знае да ми каже кога луѓе од ваков тип ќе ја контактираат”, вели мајката на девојчето.
Мајката и ќерката имале договор дека девојчето може да ги користи социјалните мрежи, но дека кога некој непознат ќе и се обрати, таа мора да ја извести нејзината мајка. “Кога ги видов пораките ми се згади. Во една пишуваше дека има 13 години а сликата што и ја пратил беше од Гугл”, вели мајката.
Жената направила принт-скрин од пораките од мобилниот и од слика од него која што и ја пратил и сите ги објавила. Таа напишала: “Ова прлаво копиле мисли дека е во ред да бара од мали девојчиња голи слики! Не на моја смена! Си одбрал погрешна мајка за за****, пратете ја пораката на сите ваши пријатели, во сите групи поврзани со Флорида, се надевам дека ќе те фатат и ќе те затворат!”
Жената го известила и шерифот во Флорида и пријавила во Центарот за Детска Експлоатација и Центарот за Онлајн Заштита.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!