Во Антички натпис во индиската Махабхарата е опишано едно моќното оружје кое што го користеле боговите на земјата пред илјада па и повеќе години. “Вжарен столб од чад и пламен, светол како десет илјади сонца. Тоа беше непознато оружје како железен гром, гигантски гласник на смртта, кој се претвори во пепел кога стигна на целта.”, е дел од натписот во кој е опишано така нареченото оружје.
Доколку разгледаме повеќе древни текстови ќе забележиме дека во повеќето од нив се зборува за богови кои донеле моќно оружје на земјата, но дали овие оружја се дел од нивната традиција или пак се зборува за доаѓањето на напредни цивилизации на земјата кои биле заменети како богови.
Џејсон Врајт, професор по астофизика и астрономија на државниот Универзитет во Пенсилванија, кој работи на истражување насловено како “Пред домородни Технолошки видови”, смета дека планетата и нејзината околина во далечното минато била посетувани од древни напредни цивилизации, чии што остатоци можеби ќе можат да се најдат на Марс, Месечината или во друг дел од Сончевиот Систем. Има неколку оружја на боговите кои според дадените описи наликуваат на модерните нуклеарни бомби. Брахмаширша Астра, Пашупатастра и Брахмастра се едни од тие оружја.
Брахмастра се смета дека е искована од богот Брахма. Оваа оружје е опишано во голем дел од индиската книжевност како најдеструктивно оружје. Се вели дека кога Брахмастра паѓа од небото немало начин за контра-напад и целта никогаш не била промашена, затоа што оваа оружје било многу прецизно и уништувало цели војски. Најважен дел за оружјето е колатералната штета, односно наведено е дека врз земјата каде што било фрлено оружјето животот престанувал да постои, а мажите и жените станувале неплодни, врнежите се намалувале а низ земјата имало пукнатини.
Понапредна верзија на Брахмастра е Брахмаширша Астра, за која се вели дека била 4 пати посилна од Брахмастра. Во Махабхарата е објаснето дека кога ќе се пушти оваа оружје ќе има пламен, громови и илјада метеори ќе паднат, пропратени со голем татнеж и трепет на земјата.
За најголемото апокалиптично оружје во Хинду митологијата се смета Пашупатастра. Оружје кое доколку биде употребено би го уништило целокупниот жив свет.
Страшните последици опишани од користењето на Брахмастра, Брахмаширша Астра и Пашупатастра се мистериозно слични на оние по детонација на нуклеарна бомба. Научниците претпоставуваат дека доколку имало нуклеарен напад од 100 нуклеарни бомби како онаа од Хирошима би умреле над 10 милиони луѓе и би имало трајни климатски последици.
Уште еден пример, кој некои го сметаат и за доказ се Мохенџо Даро и Харапа, градови на најстарите цивилизации по течението на реката Инд, денешен Пакистан. Оваа античка сумерска цивилизација се појавила одненадеж, а така и исчезнала. Експертите пронашле неколку скелети во овие градови и забележале дека сите умреле многу брзо. Интересно е тоа што во т.н епицентар во дијаметар од 45 метри, во центарот на градот, градбите изгледаат кристализирано, како да биле изложени на голема топлина во минатото. Експертите тврдат дека до оваа состојба може да се дојде само доколку градбата е изложена на температура над 1500 степени целзиусови.
Ова се неколку навистина интересни приказни кои што ги интригираат луѓето низ светот, но дали се работи за доказ, или пак се само уште еден мит? Што мислите вие?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.