Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Рокот на траење во просек е 30 години. Замената на прозорците отвора и други трошоци како што се разрушување на ѕидовите, изнесување шут, опшивка на ѕидовите после монтажа, така што замената не е едноставна.
Главната улога на ПВЦ прозорот е да штеди енергија за затоплување и ладење.Uw= 1.0W/m2K е бројка која означува коефициент на спроводливост на топлина и истата е најважна карактеристика што треба да се земе предвид кога се купуваат ПВЦ прозори.Профилот може да биде рамен, заоблен или полу заоблен, не е важно од кој германски производител е, туку изведувачот на работата да биде од сериозна фирма со искуство во ПВЦ. Изведувачот е должен да обезбеди многугодишна функционалност и писмена гаранција за прозорецот, а пресудно за негов избор треба да биде понудата со подобар однос изолација во однос на цена.
Добар избор на прозорци може да најдете во компанијата Проспера. Таму покрај стандардните бели ПВЦ прозори, имаат и добар избор на ПВЦ прозори со имитација на дрво или прозорци од масивно дрво кои ќе му дадат топлина на просторот.
Недоволно информираните се со мислење дека доколку се купи прозорец составен со познат Германски профил дека се загарантирани потребните својства: изолација, функционалност и гаранција. Често прозорот се именува по бренд на профилот кој е само еден од составните елементи на прозорот, на пример: Трокал, Комерлинг, Саламандер, Рехау, Века и слично.
Профилот не е единствениот составен елемент што го дефинира прозорот, од голема важност се сите останати елементи:
- Термопанот завзема поголема површина од профилот (околу 80% од прозорот отпаѓа на стаклото) и има најголем удел во изолацијата на целиот прозор. Стаклото задолжително треба да биде нискоемисионо или 4 сезони, пожелно е полнењето помеѓу стаклата да биде со аргон. Трослоен термопан има поголеми изолациски својства од двослоен термопан. Исто така поголем простор помеѓу стаклата има удел во изолациските својства на термопанот, трослоен термопан од 36 мм и трослоен термопан од 50мм немаат исти изолациски својства.
Во Проспера може да се најдат трослојни термопани со ширина 50мм, нискоемисиони и 4 сезони стакла, со исполна помеѓу стакла аргон, и топли дистанционери наместо ладни алуминиумски дистанционери. Ваковтермопан има коефициент на спроводливост на топлинаUg=0.5 W/m2K (за споредба стандарден термопан 24мм со 2 флот стакла има коефициент на спроводливост на топлина Ug=2.7W/m2K или 5 пати послаба изолација). Во Проспера сите нискоемисиони и 4 Сезони стакла се со меко покритие (нова генерација на нискоемисиони стакла кои имаат подобри изолациски својства за разлика од старите типови на нискоемисиони стакла со тврдо покритие). Стаклата се произведени од Guardian, Американска компанија која е светски лидер во производство на специјални стакла, со свои фабрики во 25 држави на 5 континенти.
- Железо во ПВЦ профил се става за да ја зголеми цврстината и стабилноста на ПВЦ профилот. Без железо внатре прозорот би се кривел и не би функционирал исправно. Во Проспера во секој прозор поголем од 50цм ставаме железо со дебелина од 1,2 до 2мм зависно од димензијата на прозорот.
- Оковот има најголемо влијание во функционалноста и безедноста на прозорот. Во Проспера сите прозори се со оковот winkhausacivepilot, последна класа на оков од брендотwinkhaus, произведен во Германија, кој овозможува висока класа на сигурност против провали RC2/WK2.
За прозорот да функционира беспрекорно сите елементите треба да се изберени правилно и прецизно склопени, поставениот оков да ја има потребната носивост, во профилот да се постави железо со дебелина според димензија на прозор. Прозорите од понудата на Проспера се склопени со докажани профили, окови и термопани. Склопени се на најсовремени CNC машини со минимално учество на човечки фактор со што грешките се минимизирани.
Монтажатамора да биде изведена стручно. Прозорите треба да се постават и нивелираат правилно, да се анкерисуваат по пропишани стандардиза да ја добиеме очекуваната функционалност, правилно и целосно пополнувањето околу прозорите со пур пена е важно за изолацијата, правилната опшивка околу прозорците има влијание во изолацијата и спречување на влага. Затоа е важно монтажата да ја прават лица со големо искуство во монтажа на ПВЦ столарија. Проспера има сопствени монтажери кои само во текот на 2016 година имаат монтирано над 10.000 м2 прозорци.
Во турбулентно време како во моментот, кога секојдневно се отвораат и затвораат фирми, а функционираат преку 500 фирми кои се бават со продажба и монтажа на ПВЦ прозори, од особена важност е на кого ќе ја дадеме довербата, и ќе бидеме сигурни дека и после многу години изведувачот ќе биде уште присутен на пазарот за да може да ни ја обезбеди гарацијата и да ни ги сервисира прозорите доколку има потреба.