52-годишниот Кинески милијардер, Џек Ма, сопственик на Alibaba, Кинески еквивалент на eBay, најголемата он-лајн платформа за продажба, тврди дека за 3 децение роботите ќе донесат многу повеќе болка отколку среќа. Но исто така додаде и дека вештачката интелигенција ќе ни го подобри секојдневниот живот.
Ма, чие што богатство се проценува на 28,4 милијарди долари, вели дека поради напредокот во технологијата директорите во фирмите повеќе нема да бидат потребни. “За 30 години, најверојатно робот ќе биде на насловната страна на Тајмс, како најдобриот извршен директор,” изјави Ма во неговиот говор на конференција во Кина.
Според него роботите ќе ги преземат главните работни места на луѓето, затоа што се многу побрзи и порационални. Исто така Џек Ма смета дека роботите би биле добри директори затоа што нив не ги совладуваат емоции и не се под влијание на негативностите од конкуренцијата.
Ма предупредува дека светот не е подготвен за предизвиците кои што ќе стигнат со развојот на роботите. Едно од решенијата според него е образовниот систем да ги учи децата да бидат по креативни и љубопитни, за да можат да и парираат на вештачката интелигенција.
“Пред 15 години држев говори 200 или 300 пати велејќи им на сите дека интернетот ќе ги опфати сите индустрии, но луѓето не сакаа да слушаат затоа што бев никој и ништо,” вели Џек.