Истражувачите од НАСА развиваат систем на стакленик кој ќе им овозможи на астронаутите да преживеат додека работат во вселената. Иако НАСА успеа да одгледува растенија на Интернационалната Вселенска Станица, прототипот кој што го развиваат “Lunar/Mars Greenhouse,”е наменет да функционира како стакленик на Месечината или Марс.
Прототипот вклучува стакленик на надувување, кој рециклира хранливи материи и го симулира процесот на растење на Земјата. Реј Вилер, главниот научник во истражувањето вели: “Ние работиме со тим од научници, инженери и мали бизниси во Универзитетот во Аризона за да развиеме систем на ‘затворен циклус’. Овој пристап ги користи растенијата за чистење на јаглерод диоксид и во исто време обезбедуваат храна и кислород.”
Овој процес се нарекува биорегенеративен систем за одржување во живот. Водата која ќе се користи во овој процес може да ја носат во леталото, или пак да пронајдат локации на Месечината или Марс, каде што има вода. Доколку се најде вода на овие локации мисијата може да трае со месеци па дури и години.
Др.Гене Гиакомели професор по Агрокултура на Универзитетот во Аризона, кој е дел од овој проект, вели дека за да можат внимателно да го следат процесот на растење на културите целиот систем ќе биде поврзан со компјутер на земјата, преку кој тие ќе го следат секој чекор во одгледувањето на растенијата.
Прототипот е во цилиндрична форма и е долг 5,5 метри и повеќе од 2,5 метри во дијаметар. Овие ‘преносни оранжерии’ ќе овозможат по автономен пристап и долгорочно истражување на Месечина, Марс па и подалеку.