Кога Кејлиг Вуд го преживеала нејзиниот 15ти абортус и било кажано дека никогаш нема да стане мајка. И по многу испитувања и повеќе лекарски дијагнози конечно ја откриле причината за нејзините абортуси- премногу лузни во нејзиниот абдомен.
Затоа направила операција да ги отстрани и имала уште еден абортус. Но кога забременила по 17ти пат во октомври го родила Реџи и вели дека нејзиното мало момче и ги залечило сите рани. Вуд вели “Порано плачев цело време поради тоа што ги изгубив моите бебиња.” Оваа 26-годишна мајка по прв пат забременила на 16 години но неколку недели подоцна имала спонтан абортус.
Буд изгубила повеќе деца, но лекарите не можеле да ја најдат причината. “Сите лекари на кои што им се обратив ми рекоа дека едноставно така се случува и не направија ништо за да ја истражат ситуацијата”, вели Кејлиг. Таа сите свои бебиња ги изгубила уште пред осмата недела.
“Бев толку депресивна што сакав да си го одземам животот. Лекарите не открија која е причината за лузните но добро е што ги отстранија.”
Вуд се породила две нели пред предвидениот датум. Но докторите без проблем до донеле малиот Реџи на овој свет. “Моментот кога го држев моето бебе во раце беше неверојатен. Сеуште сум тажна што изгубив толку многу деца, но сега мојот живот е конечно целосен,” вели Кејлиг.