Уметникот од Сиетел, Кејси Куран изработува неверојатни кинетички скулптури, најчесто од бакарна жица. Овие фигури се превртуваат, цветаат, прават разни движења во зависност од темата. Некои скулптури се на моторизиран механизам, но повеќето од неговите дела функционираат со вртење на рачка која има дава “живот” на овие предмети. Неговиот најнов проект е наречен “Bequeath these Seeds” , и е наменет за биеналето на музејот на модерна уметност “Белви”, во шоу наречено “Металморфоза”. Куран изработува се повеќе вакви дела, како и најновиот кинетички човек, кој го споделил на Инстаграм.