Археолозите кои истражуваа мистериозна гробница во Египет беа изненадени кога пронајдоа повеќе од 1.000 статуи и осум мумии внатре во гробницата. Оваа неверојатно богатство е пронајдено во античка гробница која се наоѓа на западниот брег на реката Нил, во Луксор.
“Има 10 саркофази и и 8 мумии. Ископувањето сеуште трае”, изјави Мустафа Вазири, кој е на чело на оваа археолошка експедиција. Гробницата од 18-та династија е откриена во некрополата Дра Абул Нага во близина на познатата Долина на кралевите. Таа припаѓала на благородник по име Ушерхат кој работел како судија во градот.
Гробницата е повторно отворена во текот на 21-та династија, за да се додадат уште мумии. Тоа го правеле со цел да се заштитат од ограбувањето на новите гробници, што било многу често и пред 3.000 години.
“Неверојатно е колку работи имаше во гробницата. Ние пронајдовме голем број на Ushabti (мали резбани фигури), повеќе од 1.000” , тврди Калед ел Енану експерт за антиквитети.
Гробницата е во Т форма и се состои од отворен простор кој води кон правоаголна сала, ходник и уште една просторија. На оска долга 9 метри биле ставени Ushabti фигурите како и дрвените маски и рачките од саркофазите. Откриена е и уште една просторија но таа сеуште не е целосно ископана.
Невин ел Ареф, портпаролот на министерството за антиквитети, изјави: “Постојат докази и траги за нови мумии кои што можат да бидат откриени.”
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.