Монсанто е најголемата компанија за семе во светот. Таа првично е формирана како хемиски производител во 1901 година од страна на Џон Францис Куени. Џон во тоа време имал околу 40 години а во неговата младост имал тежок живот. Големиот пожар во Чикаго од 1871 година го оставил неговото семејство без кров над главата, кога тој имал само 12 години. Поради тоа Џон го прекинал образованието и почнал да работи во фирма за производство на лекови, како помошник и доставувач.
Со напорна работа и посветеност Џон се искачувал на скалата во фармацевската индустрија, за да во 1891 година се пресели во Сент Луис, како претставник на Meyer Brothers компанијата за лекови, која тогаш била најголем дистрибутер во светот.
5 години подоцна Џон се оженил со Олга Монсанто и кога одлучил да започне свој бизнис во 1901, компанијата ја нарекол по неа. Џон ја основал Монсанто за да произведува Сахарин, вештачки засладувач кој е 300 пати поблаг од шеќерот и нема ефикасна хранлива вредност. Сахаринот бил синтетизиран во 1879 година и иако денес е многу популарен во тоа време никој во САД не слушнал за него. Германија го држела монополот за производство во Европа, а во САД не постоел произведувач. Џон бил првиот во САД кој што го започнал производството и бизнисот му бил многу профитабилен.
До 1905 година Џон додал уште 2 адитиви за храната, ванилин и кумарин, кои исто така до тогаш се произведувале само во Германија. Првата декада Монсанто немал толку голем профит поради конкуренција од Германците.
Но кога во 1917 година САД и објави војна на Германија, увозот бил забранет и тогаш се отвора нов пазар за Монсанто. Приходите скокнале од 81.000 долари во 1913 до 905.000 долари во 1919 година, со што Монсанто станала најголемата компанија во САД од тоа подрачје. Во 1919 Монсанто настапи и на светскиот пазар, така што го купи Велшкиот хемиски производител, кој произведувал аспирин и гумени катализатори. Монсанто продолжи да се шири и во производство на индустриски хемикалии како што е полихлорованиот бифенил(PCB). Сега PCB може да се најде во 209 молекуларни конфигурации и е многу токсичен. Докажано е дека PCB е канцероген и загадувач на околината, кој е отпорен на киселина и топлина. И ако мислите дека хемикалија се користела само во ретки случаи, грешите. PCB се користел како разладувач во повеќе електрични уреди,енергетски трансформатори и кондензатори, се додека супстанцата не била забранета во 1979 година.
Документи пронајдени во 2002 година покажуваат дека од Монсанто биле свесни за токсичноста на супстанцата. Всушност првиот потег на Монсанто за заобиколување на законот за животна средина се случи во 1926 година, кога компанијата купи град во Илиноис, нарекувајќи го секако Монсанто. Тогаш законот за животна средина се регулирал на локално ниво и самата компанија си создала толку благи закони што таму ја изградиле и најголемата фабрика за PCB. Овој град сеуште постои, но сега се вика Саугет и има 159 жители.
За времето на Втората Светска Војна, Монсанто бил главниот добавувач за хемиски супстанци за војската на САД. Нивниот највреден производ од тоа време бил Стирен, кој бил важна компонента во производството на синтетичка гума. Монсанто бил вклучен и во “Менхетн проектот”, така што учествувале во изработка на полониум, еден од главните елементи користени во атомските бомби фрлени врз Јапонија.
Во повоениот период Монсанто влезе во земјоделието, преку производство на пестициди. Првиот пестицид ДДТ(dichloro-diphenyl-trichloro-ethane), излегол на пазарот во 1944, а бил забранет 30 години подоцна поради неговата токсичност. Уште еден хербицид кој што војската на САД го употреби во војната со Виетнам е и Портокаловиот Агенс. Тој ги уништувал поседите во Виетнам, но и бил толку отровен што од него се контаминирале над 3 милиони луѓе и половина милион Виентамски деца се родиле со деформитет.
Во 1970 година Монсанто започна и со производство на ЛЕД светлата, всушност тие се првата компанија која го започнала нивното масовно производство. За да се поврати од тужбите кои ги изгуби со државата, Монсанто започна со производство на биотехнологија. Во 1983 научниците од Монсанто, предводени од Роберт Фраули станаа првите луѓе кои кои создадоа генетски модифицирани растенија. Тука започна новата ера во земјоделието, ерата на ГМО.
Причината зошто се гледа толку негативно на ГМО е тоа што историјата се повторува. Луѓето создаваат корисна работа и од алчност ја претвораат во лоша. ГМО храната е совршен пример за тоа. Има многу начини како да направиш генетски модифицирана храна која што нема да им наштети на луѓето. Но Монсанто ја однесе “играта” со ГМО на сосема ново ниво.
Тие го открија глифосатот, екстремно потентен хербицид, кој ја спаси компанијата од банкропт. Монсанто го обележа хербицидот под името Roundup, и во период од две децении овој хербицид е најкористениот во САД. Неговиот успех се должи на развитокот на ГМО од страна на Монсанто. Порано фармерите требало да ги садат културите подалеку едни од други затоа што им треба простор за да можат да го обработуваат поседот , инаку тревата што ќе израсне околу нив може да го уништи . Кога Монсанто создаде ГМО растенија кои се отпорни на Roundup, фармерите може да ги садат растенијата поблиску и да нема потреба да ги чистат од треви, така што едноставно ќе ги прскаат ГМО растенијата со Roundup. Скоро сите поголеми фармери се префрлија на оваа ГМО решение, затоа што го намалува трудот и трошоците. Монсанто е единствениот произведувач на Roundup во светот. До денес тие имаат потрошено над 10 милијарди долари во пронаоѓање на нови пестициди и семиња.
Само минатата година потрошиле 1.5 милијарди долари и тоа им се исплатеше. Пред две години Монсанто поседуваше 80% од поседите со пченка во САД и таа бројка континуирано расте. Причината зошто Монсанто се толку успешни е во нивните строги правила за тоа што можат, а што не земјоделците кои ги купуваат нивните семиња. Тие не смеат да ги продаваат, или пак да ги делат со некој друг, дури и ако ветерот ги однесе семињата на соседната фарма сопственикот на семињата ќе одговара за тоа.
Во 1997 година Монсанто се обиде да си овозможи нов почеток преку фирмата Солутиа, од која што тврделе дека се нова фирма на пазарот и немаат поврзаност со Монсанто. Но секако тоа не било вистина, истите директори и истите луѓе кои беа во Монсанто со децении се на чело и на оваа фирма, која што по 6 години банкротираше.
Денес Монсанто се поголеми од кога и да е. Приходот за минатата година им изнесува 15 милијарди долари, а половина од тој приход е од продажбата на Roundup. Германскиот фармацевтски гигант Bayer, се обидува да се спои со Монсанто веќе 4 месеци. Пред само неколку дена Монсанто прифати понуда во кеш од 66 милијарди долари, за која што се потребни уште одбрувања, но во последните 14 месеци имаше спојувања на шест од најголемите компании во индустријата, затоа нема да е големо изненадување истото да се случи со овие две компании.
Од инвестициска гледна точка има голема смисла да се купат акции од компанијата која ги контролира светските резерви за храна, но понекогаш е подобро да се откажете од профитот за да го направите светот подобро место за живот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.