Кристофер Каталдо е 6-годишно момче од Хјустон, Тексас и тој има ретка и неизлечива болест која се нарекува еозинофилен езофагитис и поради која јадењето, па дури и миризбата од повеќето храна може да го убие. По неколку години лекување лекарите заклучиле дека Крис може да јаде само 9 вида на храна: јаболка, грозје, ориз, компири, домати, лимони и банани. Останатите видови на храна му го надразнуваат грлото и дебелото црево, по што почнува да му се лоши. Крис исто така е и имуно-компромитиран, што значи дека не може да биде на места каде што има гужва, како што е ресторан за брза храна.
Неговата мајка Кели ја проверува и подготвува храната за малото момче и тоа никогаш не може да јаде спонтано како неговата помала сестра и другарчињата. Сепак докторите од Синсинати детската болница решиле да го тестираат помфритот од сендвичарата Chick-fil-A, за да видат дали Крис е алергичен на него. Резултатите биле позитивни, Крис можел да го јаде овој помфрит.
Оттогаш, секој ден Кели го вози Крис до сендвичарата, каде што тој преку прозорецот порачува помфрит за дома, затоа што како што рекол самиот “така се чувствувал нормален.” Но тој никогаш не можел да влезе внатре во Chick-fil-A, поради опасноста да биде во непосредна близина со толку многу луѓе.
Поради ова Chick-fil-A направија убав гест, ги затворија своите врати за другите гости и го поканија Кристофер да биде менаџер на еден ден, а притоа да јаде од омилениот помфрит. Неговата мајка постирала слики на Фејсбук велејќи дека е пресреќна.
“Кристофер го оствари својот сон, да биде сопственик на Chick-fil-A (на еден ден) и да може да јаде и да се игра внатре во вистинска Chick-fil-A сендвичара. Тој сам си го направи омилениот помфрит, ги примаше моите порачки и се играше со сестра му во катчето за играње. Тој ми кажа дека ова му е најсреќниот ден во животот”, напиша неговата мајка Кели на нејзиниот Фејсбук профил.
Еозинофилен езофагитис е ново откриена болест и сеуште не се знае многу за неа и за причините кои ја предизвикуваат.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!