Единицата на американската морнарица која стои зад операцијата за ликвидација на Осама бин Ладен ќе биде дел од вежбите кои го симулираат симувањето на диктаторот Ким Јонг-Ун од власт.
Специјалната единица за воен развој позната под името “SEAL Team 6”, ќе спроведува вежби во Јужна Кореја, открива Министерството за национална одбрана на оваа држава. Овој тим беше дел од операцијата “Копјето на Нептун”, во која беше убиен лидерот на Ал-Каеда, во Пакистан, 2011 година.
Со USS Carl Vinson носач на авиони кој е веќе пристигнат во Јужна Кореја, пристигнува и американската армиска единица Делта Форс, која е специјализирана за контратерористички операции. Тие пристигнаа веднаш по изјавата на Доналд Трамп дека Северна Кореја бара неволја и дека се спремни да го решат проблемот, со или без помош од Кина.
Овој потег е дел од растечкото присуство на САД во близина на Корејскиот полуостров и наводно е дел од планот да се изврши “онеспособување” на режимот на Ким Јонг-Ун.
Повеќе од 80 авиони, вклучувајќи ги и борбените авиони Ф / А-18F Супер Хорнет, Е-2C Холкај и EA-18G Граулер биле товарени на овој супер-носач. Вашингтон инсистира дека тие се тука од одбранбена причина.
Адмиралот Џејмс Килбу командант на USS Carl Vinson вели:”Важноста од оваа вежба е да се зајакне нашата алијанса и односите во зајакнувањето на работниот однос меѓу нашите бродови.” САД исто така почна со распоредување на дронови во Јужна Кореја, минатиот месец. Јужнокорејските и американските војници ги почнаа заедничките вежби на 1ви март.