Идејата дека не сме сами на овој свет не ги опфаќа само научниците туку и филозофите, историчарите и многу други експерти низ историјата. Еден од првите луѓе кои отворено зборувале за вонземјаните бил Италијанскиот монах, филозоф, математичар, поет, космолошки теоретичар Џордано Бруно.

Тој е познат по своите теории, кои ги претворил во роман. Бруно велел дека ѕвездите се само далечни сонца, опкружени со свои планети на кои што може да има живот (филозофско гледиште познато како космички плурализам). Тој инсистирал дека универзумот е бесконечен и не може да има небеско тело во неговиот “центар.”

Џордано Бруно бил запален на клада во Рим во 1600та година. Тој не е единствениот што зборувал за вонземскиот живот постојат и многу други научници. Денес со развој на технологијата се повеќе луѓе веруваат во постоењето на вонземјани. Кои се овие суштества? Дали се безопасни? Дали ни се непријатели? Ако е така, каде се?

Повеќето научници би се согласиле дека има барем една цивилизација во една галаксија. Со оглед на тоа дека постојат најмалку 100 милијарди галаксии математиката е јасна. Истражувачите на НЛО велат дека Земјата била често посетувана од вонземјани во текот на историјата и дека има многу докази кои укажуваат на тоа. Погрешно толкувани како “богови”, од бројни древни култури од целиот свет, претставени како “екстремно напредни суштества” кои доаѓаат од ѕвездите.

Анунаки

Се смета дека Анунаките го создале човекот. Овие моќни богови ја напуштиле земјата во далечното минато, велејќи дека еден ден ќе се вратат на Земјата. Доколку ги гледаме сите приказни за богови кои заминале од Земјата ќе забележиме дека сите ветуваат дека еден ден ќе се вратат. Анунаките се споменати во митот за Вавилон и во Епот за Гилгамеш. Многу истражувачи цврсто веруваат дека Анунаките слетале во Персискиот Залив пред околу 432.000 години, го создале човекот како роб за да им служи во копањето на злато и потоа заминале ветувајќи дека ќе се вратат.

 

Сивите

Ова се најпознатите вонземјани на нашиот век. Се верува дека има два вида на Сиви вонземјани. Малите Сиви, за кои се вели дека имаат големи глави, очи во облик на бадем и мали тела и тие се всушност клонови на вториот вид Големи Сиви. За нивната популација се смета дека е многу мала и поради тоа имаат потреба од клонови. Според извештаите на некои НЛО истражувачи некаде во 1950 година владата на САД и Сивите склопиле пакт во кој на луѓето ќе им се даде пристап до напредна вонземска технологија, а за возврат Сивите можат да киднапираат луѓе за нвните истражувања. Постоеле статуи во античка Сумерија и можат да се најдат пештерски цртежи во Европа и Австралија, каде што главите се во триаголна форма со големи очи.

 

Рептилите

Низ историјата сме слушнале повеќе приказни за овие чудни суштества, кои наводно живеат заедно со нас. Гледајќи низ историјата има неколку случаи каде што овие суштества биле обожувани од нашите предци. Во Јужна Америка, Куетзалкоатл и Кукулкан,  биле рептилски божества.  Куетзалкоатл во превод на нивниот јазик значи “змија со перки.” Според НЛО истражувачите рептилите се високи 4 метри, имаат одлични воени спосбности и екстремно компетитивен политичко-воен систем. Исто така тие поседуваат голема моќ и се хранат со негативната енергија и стравот кај луѓето и затоа во минатото биле сметани за демони.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено