Тинејџерите и нивното новороденче биле пронајдени, откако ја киднапирале нивната ќерка од болницата во западен Сиднеј. Џенифер Морисон,15 и Џуден Лавендер,14, ја скриле нивната ќерка Ариа Џејд Тања Лавендер под ќебе и скришум ја изнеле од болницата доцна навечер.

Полицијата успеала да ги најде по неколку часа, сите во добра здравствена состојба. Џенифер и Џуден не биле забележани од персоналот на болницата, со што се сметало дека заминале пеш и без дозвола. Полицијата била загрижена за здравјето на трите деца, бидејќи младата мајка родила пред три дена, а на бебето сеуште му била потребна медицинска помош.

Не е покренато обвинение против родителите. “Џенифер и Џуден, двајцата родители не се во неволја. Навистина ќе го цениме тоа доколку се вратат во болницата за да се види дали се сите добро. Лекарите сеуште треба да го прегледуваат бебето, за да видат дека напредува добро”, изјавил инспекторот Грант Хејли.

Инспекторот не сака да зборува за наводните обвиненија дека младиот пар заминал затоа што се плашел дека бебето ќе им биде одземено. На снимката од болницата се гледа дека со децата заминува и некој повозрасен маж, но годините и идентитетот не се откриени.

Полицијата соработувала со родителите на тинејџерите за нивното пронаоѓање. Тие добро ја прифатиле веста за внучето со оглед на тоа дека споделувале од него фотографии на социјалните мрежи и преку статус ја искажале својата љубов и гордост за новородената внука.

Сподели на Facebook
пати видено