Ник Мид, сопственик на фирма за изнајмување тенкови во Хелмдон, Англија и неговиот пријател Тод Чембрлен кој работи како механичар, нарачале кинески тенк со ознака Т54 од E-bay во вредност од 35.155 евра. Нивната цел била да го реставрираат и да го изнајмуваат за прошетки во околината на Лондон.
Тенкот пристигнал на нивна адреса, а тие имале што да видат. Во резервоарот за гориво пронашле 5 златни плочки, кои достигнуваат пазарна вредност од 2,34 милиони евра. Нивната ”истрага” ја документирале. Тод на почетокот мислел дека во внатрешноста може да има скриено старо оружје како пушки и пиштоли.
Тенкот го предале на полицијата за да се истражи потеклото на златото. Тие веруваат дека златните плочки биле украдени од страна на ирачки војници за времена инвазијата на Кувајт во 1990 година. Единствено што е познато дека кинескиот тенк бил купен од Џо Хевис (23) кој претходно го реставрирал кој не им наговестил за скриеното злато.
Ник Мид инаку има збирка од 150 воени возила, од камиони кои се користеле во армијата до воени тенкови. Во полициската истрага стои дека тенкот е кинеска копија на рускиот Т-54 модел, произведен со ознака 69. Бил произведен во почетокот на 80-те години на минатиот век, а имал поминато само 2425 километри.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.