Легендарната група Корн доби ново засилување од 12 годишниот Таи Трухиљо, син на басистот на Металика, Роберт Трухиљо. Оваа младо и талентирано момче ќе им се придружи на турнеите на Корн во Колумбија, Бразил, Аргентина, Чиле и Перу, закажани за крајот на април. Таи ќе биде на замена во Корн за басистот Реџиналд „Филди“ Арвизу, кон не може да стигне на турнејата низ Јужна Америка.
Младата ѕвезда ќе настапува со бендот од 17ти април до 6ти мај. Таи е член на детскиот бенд Хелметс, од Северна Калифорнија, кој ги објави вестите од фејсбук страната на Корн на Инстаграм во понеделник.
“Многу ни е жал што Филди нема да може да ни се придружи на оваа трка, но сме возбудени што ќе имаме неколку настапи со млад музичар како што е Таи.”
“Едвај чекаме да му посaкаме добредојде на нашиот брат Филди кога ќе се врати во САД во мај.” Тој ќе се придружи на групата на рок фестивалот “Carolina Rebellion” на 6ти мај во Шарлот.
На Таи сцената не му е нешто непознато. Со долга коса која лета на сите страни додека тој ужива во создавањето на музиката што ја сака. Таи во Хелметс настапува уште од 8 годишна возраст. Неговиот татко им се придружи на Хелметс како гостин, кога тие рокаа на сцената на музичкиот фестивал Лимитс во Остин, Тексас.
Корн, сила која што во 1990 го воведе алтернативниот стил на метал, Ну метал, ќе ја започне својата турнеја во Латинска Америка на 17ти април првин во Богота, а потоа и три во Бразил.