Американската морнарица го финансира развојот на роботски систем за надзор од над милион долари, кои ќе можат да ги шпиунираат луѓето. Истражувачите од Универзитетот Корнел планираат да направат систем кој ќе им овозможи на роботите да споделуваат информации додека се движат наоколу и вршат надзор како “еден ентитет со многу очи.”

Паушална сума од 1,7 милиони долари беше предадена на истражувачите од канцеларијата на САД за поморски истражувања, која е посветена за развивање нови форми на воена и цивилна технологија.

Целта им е да развијат ситем кој им овозможува на роботските тимови за надзор да собираат и споделуваат разузнавачки информации “со брзината на светлината.” Освен за надзор новата технологија може да помогне и во ослободување на луѓето од опасните работни места, како што е отстранување на мини, чистење по нуклеарна катастрофа или на штетата по поплавите или ураган. Роботите можат да забележат и сомнителни работи, кои инаку не би биле забележани.

Морнарицата најверојатно ќе сака да ја вклопи технологијата во беспилотни летала, односно дронови. Килиан Веинсбергер, вонреден професор по информатика вели “Откако ќе создадете роботи кои соработуваат можете да направите многу работи.”

Минатата година беше откриено дека истиот оддел кроел планови за вградување на микрочипови во луѓето за да се следи секој нивен потег. Што би се случило доколку заедно со овој проект оди во прилог и вештачката интелигенција развиена од страна на Гугл која што практикува агресија? (Види тука)

 

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено