Ова е цитат од Библијата: „Гледај, Дамаск повеќе не е град. Се претворил во куп урнатини, во урнатини што се распаѓаат.Напуштените ароирски градови станаа место каде што доаѓаат и лежат стада, и никој не ги плаши. Утврдениот град исчезна од Ефрем, а царството од Дамаск и на оние што ќе преостанат од Сирија ќе им биде како и на славата на Израеловите синови“
Загрижувачко пророштво наводно било откриено во библијата во Исаија 17: 1-3, “Гледај, Дамаск повеќе не е град. Се претворил во куп урнатини, во урнатини што се распаѓаат“, понатаму пророштвото зборува дека “Утврдениот град исчезна од Ефрем, а царството од Дамаск и на оние што ќе преостанат од Сирија ќе им биде како и на славата на Израеловите синови” Израел ќе остане без својата сила и ќе ги изгуби сите богатства.
Според некои политички аналитичари ова сценарио е навистина возможно. “Ако Сириската влада падне и моќта дојде во рацете на Исламистите, безбедноста на Израел ќе биде многу загрозена,” расправа Рускиот воен експерт Игор Коротченко.
Има различни погледи кон стиховите од Библијата. Некои тврдат дека пророштвото е веќе исполнето, барем делумно, кога Асирците ги поразиле Арамејците и го окупирале Дамаск во 732 година пред наша ера.
“Контекстот е јасен дека градот паѓа во рацете на Асирците, денешен Иран, додека денес овие две земји се верни сојузници,” објаснува Роберт Мулхоланд, пензиониран професор на Асбури факултетот за богословија во САД.
Сепак на некои веб-сајтови и блогови се шпекулира дека стихот од Библијата се однесува на иднината.
Интересно е дека за сите 5.000 години од неговата историја Дамаск никогаш не бил раселен, тој е најстариот град во светот кој е постојано населен.
“Ситуацијата во Сирија опишана во стиховите на Исаија може да биде нешто што го гледаме сега,” вели пасторот Гери Кристофаро од Мелбурн, но и предупредува дека треба да бидеме многу внимателни со буквално толкување на стиховите од Библијата.
Точната причина или причини за уништувањето на Дамаск ја нема точно наведено во Исаија 17: 1-3, но затоа во Еремија 49: 23-27 може да се најде дел каде што се предвидува крај на светот и каде што се претпоставува дека Дамаск ќе биде цел на воена инвазија.
(23) За Дамаск: „Се посрамија Емат и Арфад, зашто чуја лоша вест. Страв ги совлада. Морето е во мака, не може да се смири.(24) Дамаск ја изгуби храброста. Се сврте и почна да бега, страв го обзеде. Тегоба и породилни маки го обзедоа како родилка. (25) Зарем не е напуштен славниот град, градот на веселбата?
(26) Затоа, неговите момчиња ќе испопаѓаат по неговите плоштади и сите воини ќе загинат во тој ден“, вели Јехова над војските. (27) „Ќе запалам оган на ѕидот на Дамаск и тој ќе ги проголта утврдените дворци на Вен-Адад“. (Еремија 49: 23-27)
Авторот Џоел Розенберг, кој потенцираше дека писмото од Стариот Завет на Исаија и Еремија се однесуваат на иднината, на својот блог објави “Хебрејскиот пророк Езекиел напишал пред 2.500 години дека последните денови во историјата ќе бидат кога Русија и Иран ќе формираат воена алијанса за да го нападнат Израел од север.” Изучувачите на Библијата овој есхатолошки конфликт го нарекуваат како војна помеѓу “Гог и Магог”. Дали овие ненадејни и драматични потези од страна на Моска и Техеран се едноставна случајност, или пак претставуваат пророштво ?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.