Се викам Јакуб Поломски и сум професионален фотограф од Полска, специјализиран во пејзажна и патувачка фотографија. Еве ја мојата приказна и се надевам дека ќе ве инспирира.
2005г. за мене беше тешка година. Го завршив училиштето и немав ни најмала претстава што да правам со својот живот. Видов некои фотографии во списанието „National Geographic“ коишто ме вдахновија да почнам да се занимавам со фотографија. Позајмив фотоапарат од еден пријател и започнав да фотографирам пејсажи во мојот роден град Чешин. Сам учев и читав сѐ што е потребно за фотографијата. Како почетник, верував дека 80% од моите фотографии се добри, па така решив да ги објавам на интернет. Иако не беа толку добри и добив многу негативни коментари, критиката која ја добив ми даде голема мотивација. Сакав да си докажам на себеси и на другите дека можам и подобро.
Работев постојано како графички дизајнер, а во моето слободно време учев и вежбав фотографирање. Во 2007 се пријавив на фото натпревар и го освоив 3. место. Оттогаш освоив многу награди и признанија на национални и интернационални натпревари во фотографија. Највредната фотографија за мене беше првото место од „National Geographic“ на Полска за натпреварот „Полски пејзаж“ во 2010. Наградата беше седумдневно патување во Патагонија (Аргентина). Тоа ми беше првата шанса да патувам на егзотично место. Кога се вратив во Аргентина започнав да го надградувам моето портфолио и станав популарен на сајтот за лично промовирање Behance. Така јас полека го достигнувам својот „Американски сон“.
2007 Полска
2007 Словачка
2008 Словачка
2008 Швајцарија
2008 Австрија
2008 Швајцарија
2008 Швајцарија
2009 Австрија
2009 Австрија
2009 Австрија
2009 Австрија
2011 Италија
2011 Австрија
2011 Италија
2011 Аргентина
2011 Аргентина
2011 Аргентина
2012 Словачка
2012 Франција
2012 Франција
2012 Франција
2012 Швајцарија
2012 Швајцарија
2013 Норвешка
2013 Норвешка
2013 Норвешка
2013 Словачка
2013 Чешка
2014 Аргентина
2014 Аргентина
2014 Чиле
2014 Чиле
2014 Чиле