Пјонгјанг соопшти дека ќе има катастрофални последици за срамниот потег на Вашингтон, откако носач на авиони USS Carl Vinson и неговата борбена група беа испратени во регионот за предизвикување воени игри од страна на САД и Јужна Кореја.
“Со оваа се докажува дека непромислените потези на САД за инвазија на Северна Кореја стигнаа во сериозна фаза. Ние сме подготвени да реагираме на секаков вид на војна, посакувана од страна на САД” , изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на оваа таинствена нација.
Кина активирала 150.000 војници на нејзината граница, со цел да се справат со можните бегалци од Северна Кореја, кои поради стравување од Доналд Трамп можат да се свртат против режимот на Ким Џонг-ун. Сето оваа следуваше по нападот на Сирија од страна на САД минатата недела.
Соопштението од Пјонгјанг доаѓа во време кога тезиите на поделениот полуостров се во ескалација, поради воените игри од страна на САД и Јужна Кореја, кои веќе и тестирањето на балистичките проектили од страна на Северна Кореја. Пјонгјанг на овие воени игри гледа како на вежба за инвазија и закана за нивната држава, додека нивното лансирање на проектили се смета за повреда на резолуциите на ОН.
Од Пентагон потврдија дека носач на авиони Carl Vinson требало да направи посета во Австралија, но биле пренасочени кон водите на Северна Кореја, откако земјата продолжила да врши тестирање на проектили.
Северна Кореја нападот врз воздухопловната база во Сирија со сфати како директна закана и за нив, но не зазема директна страна како останатите држави. Поголем дел од државите ги поддржаа САД, а само мал дел застанаа на страната на Сирија, во кои што спаѓа и Русија. (Види тука)