На Пејтон Линафелтер од Колорадо (16) и бил дијагностициран рак на јајник токму на нејзиниот 16ти роденден. Од јајникот, тој се проширил на нејзините бели дробови и стомакот. Докторите предвиделе дека и остануваат 5 години живот. Таа била шокирана од веста дека нејзиниот живот ќе згасне прерано.
Борбата на оваа млада девојка и модел, започнува во 2015 година по враќањето од зимскиот одмор со нејзините родители, кога отишла на преглед кај доктор по јаките болки во долниот дел од абдоменот. Тогаш се испоставило дека таа има оваријални цисти со големина на грејпфут. По некое време нејзиниот стомак продожил да се зголемува, таа се сомневала дека тоа се случува од редовното внесувањена јагленихидрати.
Пред нејзиниот роденден во 2016 година, на преглед и била соопштена тажната вест дека и преостануваат 17% шанси да преживее, со оглед дека ракот метастазирал на повеќе места од нејзиното тело. Таа подлегнала на хемотерапија и на неколку хируршки интервенции.
Плејтон минала тежок пат за време на нејзината рехабилитација . Докторите велат дека татаа е нивниот херој, со оглед на силата и упорноста што ја вложила со цел да се излечи. Нејзината среќна приказна, таа ја споделува со јавоста за да допре до жените штосе борат со оваа смртоносна болест. Инаку ракот на јајници е рангиран на 5то место по бројот на смртни случаи.