Доколку ве интересира вселената, сакате да гледате документарни филмови за неа и ве интересира сѐ што е поврзано со неа, еве 20 нешта кои можеби не сте ги знаеле.
1. Големата црвена дамка на Јупитер широка 40.000 километри е луња која беснее веќе 200 години. Да имате појасна претстава, Земјата може три пати да ја собере во оваа дамка.
2. Спротивно на општото верување, Земјата има повеќе од една месечина. 3753 Круитни, „Земјината втора месечина“, е еден од шесте квази-сателитни астероиди кои ротираат околу сонцето во речиси идентична орбита како и Земјата.
3. Пред 4.5 милијарди години, небесно тело со големина на Марс се судрило со Земјата.
4. Температурата на сонцето е приближно 5505°С.
5. Сонцето е преку 300.000 пати поголемо од Земјата
6. На еден фотон му се потребни 170.000 години да допатува од сончевото јадро до површината.
7. На истиот фотон му се потребни само 8 минути да стигне до Земјата.
8. Научниците неодамна откриле планета која 21 година била изгубена во сјајот на супернова.
9. Астронаутите на месечината оставиле огледало за од него да се одбие ласер и точно да се измери растојанието до Земјата.
10. Сонцето патува околу галаксијата – пат долг 100.000 светлосни години – еднаш во секои 200 милиони години.
11. Сите планети од нашиот сончев систем може да ги собере во просторот помеѓу Земјата и месечината.
12. Во последните 20 години биле откриени преку илјада планети.
13. Јупитер е два и пол пати поголем од сите други планети во сончевиот систем заедно.
14. Надвор од атмосферата починале тројца луѓе.
15. На Марс се наоѓа Олимп – највисокиот вулкан во сончевиот систем. Со височина од 21 километар и 60 километри ширина, тој е со приближна големина на Ирска.
16. Бидејќи на месечината нема атмосфера, стапките од мисијата Аполо 11 во 1969 се сѐ уште таму.
17. Една лажичка од неутронска ѕвезда би тежела околу 10 милијарди тони.
18. Сонцето сочинува 99.86% од сета маса во нашиот сончев систем.
19. Јадрото на една ѕвезда достигнува 16 милиони °С. Едно здрно песок со ваква температура би убило човек на оддалеченост од 150 километри.
20. Можете да видите друга галаксија со голо око. Галаксијата Андромеда, оддалечена на 2.2 милиони светлосни години.