Патувањето до горната обвивка на земјата е долго но не и невозможно, според Јапонските научници, кои сакаат да бидат првите кои ќе ја постигнат оваа цел.

Иако луѓето биле во вселената и на месечината сепак постојат места на или под земјата кои што не се истражени. Јапонската Њуз група предводена од меѓународни истражувачи од Јапонската Агенција за поморска и земјена наука и технологија, сака да копа се до горната обвивка на земјата – огромна стопена карпеста внатрешност, која се наоѓа веднаш под надворешната кора.

Истражувачите се надеваат дека оваа истражување ќе придонесе кон нови факти за создавањето на планетата и нејзината кора. Тие планираат да започнат со копањето некаде во 2020 година со брод за дупчење наречен Шику. Според експертите копањето може да се изврши во близина на Хаваите, Мексико или Костарика, и за истиве простори ќе се изврши прелиминарно тестирање.

Владата на Јапонија се надева дека со оваа истражување ќе можат подобро да го разберат функционирањето на земјотресите, со оглед на тоа дека оваа островска земја е подложна на нив. Се смета дека горната обвивка на земјата опфаќа 84% од волуменот на земјата и има дебелина од 1.802 милји. Моментално Кола Супердип Борехол е најдлабоката вештачка точна на планетат со длабочина од 12.262 метри.

Технички предизвици ќе бидат да се најде соодветна локација, копањето ќе се врши под вода на 4000 метри длабочина, температурата ќе надмине над 250 степени целзиусови. Исто така ќе треба и добра логистичка поддршка за сето оваа да се изврши на време. Сепак овој технолошки развој ќе биде од помош на Јапонија, планетата и биолошката наука.

Сподели на Facebook
пати видено