Се сеќавате ли на времињата кога носевте дискмен со вашите омилени CD-a? Ах, да, тоа беа времиња. Но, за добро или за лошо, сега тие се застарен носач на звук. Со дигиталните даунлодирања и стриминг сервиси, начинот на кој слушаме музика и други видови на снимки е значително променет. Откако ќе ги преснимиме нашите CD-а на компјутерот, ни остануваат непотребните дискови со кои не сме сигурни што да правиме. Да ги фрлиме туку-така не оди, бидејќи е штета, а да ги чуваме, ни зафаќаат простор без да ги користиме. За среќа, има начини на кои би можеле да им дадете втор живот на вашата некогаш ценета сопственост. Сега дисковите можат да се претворат во прекрасни уметнички дела.
1. Украси
Можете да направите интересни украси од секаков вид, како на пример украс за елка во вид на диско-топка.
2. Масичка
Еве идеја како да направите уникатна масичка. Исечете ги дисковите на парчиња и залепете ги врз горната плоча од масичката.
3. Подметнувач за вински чаши
Во случајов нема да ви треба многу време за да ги изработите, освен ако не сакате да ја украсите горната страна на дисковите.
4. Ѕиден часовник
За ова веројатно ќе ви треба малку повеќе вештина и познавање на електрониката, но со малку знаење и труд, можете да направите интересни часовници од вашите омилени албуми.
3. Отмени саксии
Украсете ги вашите саксии со интересни мозаици направени од стари CD-a.
6. Чинија за птици
Еве уште еден пример како можете да направите прекрасна бања за вашиот папагал.
7. Ѕиден украс
Мозаичниот украс може да украси и живне секоја здодевна соба. Само земете некоја стара рамка, залепете делови од стари CD-a.
8. Огледало
Направете нов стил за вашето старо огледало со украсен мозаик околу него.
9. Врата
Ако ви се допаѓа изгледот на француските врати, еве идеја како да го направите тоа со помош на вашите стари непотребни CD и DVD дискови.
10. Новогодишна елка
Зошто да купувате новогодишна елка кога можете да направите оригинална за оваа Нова Година?
11. Рамка за слика
Направете убави рамки за вашите омилен фотографии со форма каква што ќе посакате.
12. Приврзок
Од вашите стари дискови можете да си направите и оригинални приврзоци за вашите клучеви.