Патриша Конор (66) го бркала нејзиното куче кое избегало на автопатот М4 кога била прегазена од комбе. Во истрагата е откриено дека таа била член на мафијашко ромско семејство кое со децении чувало наркомани и алкохоличари како вистински робови. Ги искористувале робовите да им работат, за да можат да си дозволат луксузни автомобили и патувања. Семејството нелегално се занимавало со продажба на дрога, жртвите ги принудувале да продаваат дрога и да им вршат физички работи во куќата.
Семејството Роми, Патриша Конорс, нејзиниот сопруг Партрик Џозеф (60), синовите Патрик Дин Конорс (40) и Вилијам Конорс (37) ги чувале жртвите во импровизирани засолништа, стари приколки без греење и вода за пиење. Жртвите биле тепани со метли и принудувани да работаат под директна наредба.
Еден од жртвите, Мајкл Хјуз бил донесен на негова 19-годишна возраст и бил ослободен по цели 26 години. Друга жртва, 41-годишен маж бил затворен 6 години. Двајцата изјавиле дека нивните услови за живот биле како во концентрационен логор.
Од 2012 година неколку членови на семејството биле осудени на затворски казни. Сопругот бил осуден на 14-годишна казна затвор за нанесување телесни повреди, киднапирање и принудна работа. Постариот син бил осуден на 6-годишна затворска казна, а помладот син на 4-годишна затворска казна.
Нејзиното семејство поднесува барање за привремено ослободување од затвор, како би можеле да присуствуваат на нејзиниот прогреб.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!