Ќерката на Бонд, Џејмс Бонд, го прашала:
– Тато, може ли вечерва да одам во дискотека и да си дојдам подоцна?
Бонд одговорил:
– Може. Не може.
– – – – – – –
Мама рече ако се истетовирам, директно да се исселам од дома. Тато се истетовира прв.
– – – – – – –
Четворица кочански мафијаши во голем џип гледаат еден поп крај патот. Слегуваат, го уништуваат од ќотек и на тргнување едниот вели:
– Е*ати Бетмен, непобедлив бил!
– – – – – – –
Таа:
– Јас, убава ли сум?
Тој:
– Да, дури ми личиш на една француска актерка!
Таа:
– Така ли, на која?
Тој:
– На кобилата на Д’Артанјан.
– – – – – – –
– Како се презивате?
– Пе-пе-пе-петров!
– Вие пелтечите?
– Не! Татко ми пелтечел, а вработената во општината била овца!
– – – – – – –
Таа:
– Кажи ми барем еднаш, нешто убаво!
Тој:
– Мимето од петтиот кат …
– – – – – – –
Шемса во породилна сала.
– Ти со контракции ли дојде кај нас?
– Не бе докторе, со автобус!
– – – – – – –
– Душо ти купив автомобил!
– Ти луд ли си бе! Како можеше! Зошто не мислиш со таа глава!?
– Кола ти купив ма! За тебе! Што викаш?!
– Ааа… извини… јас по инерција…
– – – – – – –
Сабота наутро демонстративно им покажуваш на комшиите од зградата дека одите на викендичката „да се опуштитш во природа со жената“… а во недела навечер тајно се враќаш за да не видат дека цел викенд си се убил од копање на бавчата!
– – – – – – –
Еден човек прв пат отишол на лов. По 13-тиот куршум, зајакот умрел од смеа.
– – – – – – –
Руски научници утврдиле дека луѓето со здрав црн дроб се подложени на најголем ризик од ментални заболувања.
– – – – – – –
– Ало! Мара гатачката ли е тоа?
– Да, кажи Александар.
– Но, јас не сум Александар.
– Знам.
– – – – – – –
Зоки прднал во час и наставничката го истерала надвор. Си седи Зоки пред вратата и си мисли… Тука нема никаква логика… Јас прднав, ме избрка надвор, а другите останаа внатре да го мирисаат.
– – – – – – –
– Здраво Пешо, кажи од кој снабдувач користиш интернет и дали си задоволен?!
– Оооо, многу сум задоволен! Од комшијата…
– – – – – – –
– Вчера во киното гледав неверојатно порно.
– Кој филм?
– Од каде да знам, бев со грб кон екранот!
– – – – – – –
– Убава ли е?
– Околу 20-25 лајкови…
– – – – – – –
– Која Комунална служба особено многу се оптеретува вечерно време за време на рекламните блокови на ТВ?
– Канализација!
– – – – – – –
– Ѓоре, што се случува бе, нешто си замислен?
– Си барам свој стан. Повеќе не се издржува!
– Зошто бе?
– Синоќа фатив една девојка во дискотека. Ја одведов кај нас, почнавме со онаа работа и по едно време добивам СМС од мајка ми, која спие во дневната соба:
– Ѓоре, мама, оваа изгледа симулира оргазам…
– – – – – – –
Натпис во лифтот:
– Го сакам Васко!
Подолу:
– Васко е геј, глупачке!
Најдолу:
– Не сум глупачка, туку глупак!
– – – – – – –
– Тато, вистина ли е дека постојат земји во кои младоженецот не ja познава жена си пред да стапат во брак?
– Тоа e така во сите земји сине…