Офеилија Розиќ (2) била заедно со својата мајка во близина на една гаража во Хеанор, Дербашир, каде мајката ја однела колата на сервис. Здогледале големо куче кое стоело покрај гаражата. Мајката го прашала сопственикот дали е безбедно малечката да го погали, без да се сомнева дека тоа може да ја повреди, бидејќи дома чувале американски пит бул со кој малечката често си играла.
Сопственикот потврдил, во следниот момент кога малечката се доближила до устата на кучето во обид да го бакне, тоа ја гризнало нејзината глава и буквално ги зарило забите во нејзиното лице. Малечката не можела да се одбрани, сопственикот не изреагирал, па мајката која била во поодмината бременост се доближила и успеала да ја извлече ќеркичката безбедно од забите на кучето. Малечката имала отворени рани на своето лице, каде се познавале трагите од забите на кучето.
Малечката била пренесена во болница, со сериозни повреди по лицето. Кучето буквално ги имало зариено забите во нејзината вилица. Офелија била третирана со антибиотици и инфузија, како не би се предизвикала инфекција на отворените рани.
Мајката случајот го пријавила во полиција, од каде ја посочиле да поднесе жалба директно до сопственикот на кучето.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!