Осумгодишно девојче кое е пронајдено како живее со мајмуните и не знае да чекори ниту пак да зборува, стави многу луѓе во дилема за начинот на кој преживеало во џунглата. Девојчето наместо нормален говор, за комуникација испушта крици. Веднаш ѝ е дадено името Могли затоа што асоцира на истоимената приказна за момчето одгледано од волци.
Никој не знае колку долго девојчето се наоѓало во џунглата. Властите рекле дека таа се чувствувала удобно меѓу мајмуните од националниот парк Катарниагхат. Девојчето било забележано од дрвосечачи, се додека инспекторот Судеш Јарав во рутинска контрола не го пронашол изгладнетото девојче. Веднаш потоа била однесена во болница, каде што се наоѓа и денес.
“Се однесуваше како животно, трчаше со своите раце и нозе и јадеше храна од подот”, вели докторот Сингх од државната болница, каде што е сместено девојчето. По третманите девојчето почнало да се движи нормално и да јаде со рацете. Докторите велат дека иако сеуште не може да зборува давала потврдни одговори со главата и повремено се насмевнувала.
Кога дрвосечачите се обиделе да го спасат девојчето биле нападнати и избркани од мајмуните. Истото му се случило и на полицаецот, но тој успеал да го внесе девојчето во автомобилот и да замине. Инспекторот Рам вели “Таа беше преплашена од нас, имаше рани за лактите и нозете и беше прилично изгладнета”. Докторите велат дека нејзината агресивност е резултат на непрепознавање на јазикот на кој и зборуваат.
Дали се работи за девојче кое што скоро е напуштено од своите родители, залутало, или пак се работи за вистинска животна приказна за Могли, останува на властите да потврдат.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!