Често слушаме неверојатни приказни за животинскиот свет кои не оставаат без зборови и за колку поопасни животни станува збор толку и приказните се поневеројатни.
Оваа случка доаѓа од Индија, поточно државата Пенџаб. Две мали кутриња случајно паднале во стар бунар. Јамата била многу длабока и тие не можеле да излезат од неа. Набргу нивниот сопственик забележал дека исчезнале, а подоцна го слушнал и силниот лаеж на нивната мајка.
Мажот погледнал во бунарот и се преплашил. Кралска кобра лежела до двете кутриња! Неверојатно е тоа што кобрата не претставувала закана за кутрињата. Напротив, таа ги штитела од опасните страни на ѕидовите кои биле полни со вода. На крај кучињата поминале цели 48 часа во јамата. Кога конечно пристигнала помош од властите, кобрата се тргнала од патот и отползела на другата страна од бунарот. Малите кутриња не биле воопшто повредени, а змијата била внимателно фатена и пуштена на слобода во шумата.
Оваа приказна ни докажува дека и најопасните суштества на планетата имаат меко срце кога треба да му се помогне на друго суштество во неволја.