Конор Кембел, матурант во средното училиште во Самервајл, Јужна Каролина ја поканил неговата баба Бети Џејн Кајни, да биде негова партнерка за матурската прослава. Мајата Жаклин и помогнала на бабата да се подготви за матурската вечер, ја нашминкала и и ги средила нејзините нокти и коса. Конор инаку цела година го планирал своето излегување со неговата баба, а искуството било прекрасно и за внукот и за бабата.
Парот танцува заедно, се фотографира во кабина за инстант фотографии, па дури и се усогласени во бојата на гардеробата која ја носат. Бабата Бети купила долг розов фустан, кој одговара на вратоврската која ја носи нејзиниот внук.