Фудбалерот на Лестер Сити Ахмед Муса, кој пристигна за рекордни 16,6 милиони фунти од ЦСКА Москва, уапсен е во Лестер под сомнение дека ја претепал сопругата.

Муса бил уапсен во својот дом во Лестер во еден часот по полноќ, неколку часа подоцна откако објавил фотографија на социјалната мрежа Инстаграм од својата сопруга Џамил, која што на 5ти Април го прославила својот роденден. Истата вечер во неговиот дом изјава дала и Џамил. Муса е пуштен на слобода и не било покренато обвинение против него.

Кога полицијата пристигнала немало никој дома, па во меѓувреме се распрашувале по соседството за однсите помеѓу познатиот фудбалер и неговата сопруга. Тој има 24 години, по потекло е од Нигерија и е татко на две деца. Муса стигна во Лестер оваа лето, и на пријателски натпревар со Барселона на Каталонците им даде дури два гола.

Напаѓачот имаше над 60 интернационални настапи за Нигерија пред да заигра за Лестер. Од менаџментот на Лестер одговорија “Свесни сме дека Ахмед Муса денес бил приведен од полицијата на испрашување, истрагата е моментално затворена и не гледаме причина за преземање на формални чекори, но на Ахмед ќе му биде овозможено да разговара за проблемот со менаџменот на тимот. ”

 

Сподели на Facebook
пати видено