Бруно Боргес од Бразил исчезнал од својот дом во Рио Бранко, а зад себе оставил соба со испишани кодови по ѕидовите, 14 книги со енкрипција, статуа од 16 век на филозоф кој што го предвидел постоењето на вонземјаните и многу други чудни работи.
Овој студент по психологија исчезнал на 27 март и од тогаш не е виден од страна на неговите родители. Бруно работел на својот таен проект веќе еден месец, а за неговите убедувања во собата направил и олтар посветен на вонземјаните. Илуминати знаци биле испишани по подот на целата просторија, а статуата на филозофот кој што верувал во вонземјаните, Џордано Бруно чини 2.000 долари. Сите кодирани страници по ѕидовите биле обележани со римски броеви. Полицаецот Фабрицио Собреира кој работи на случајот рекол пред медиумите дека не ја отфрлаат и можноста дека момчето е киднапирано од вонземјани.
Неговите родители тврдат дека собата на Бруно била во нормална состојба пред тие да заминат на едномесечно патување. А додека пак неговата сестра вели “Со часови се заклучуваше во собата, бевме многу загрижени, но сега мислиме дека е добро. Тој има проект, а тоа е публикација на овие 14 книги. Тоа е нешто што морал да го направи”. Дали се работи за киднапирање од вонземјани, или пак Бруно го изгубил разумот и залутал? Што мислите вие ?
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.