И најупорните се откажеле пред предизвикот на оваа јама. Имено се работи за јама на островот Даб (Oak Island) за која што се верува дека крие богатство скриено од пиратите. Мистеријата е во тоа што не може да и се најде крајот на јамата, а дрвени платформи се распределени во неа на секои 3 метри длабочина. Во експедициите за откривање на богатството учествувале и историски личности како што е Френклин Рузвелт, актерите Џон Вејн и Ерол Флин, но и тие не нашле ништо.
Приказната за оваа јама започнува уште во далечната 1795 година, кога тинејџерот Даниел МекГинис забележал чудни светла кои доаѓаат од островот кој бил во близина на неговиот дом во Нова Шкотска, Канада. Островот и неговата околина биле напуштени, но биле познати и како станица на пиратите. Поради тоа љубопитниот Даниел веќе наредниот ден тргнал да го провери местото. Даниел пронашол чудна кружна ископина која била околу 4 метри во дијаметарот. Откако започнал со копањето веднаш на површината видел камена плоча и тоа му дало мотивација да продолжи. На секои 3 метри наоѓал дрвени платформи,по што се откажал.
Тука започнува и мистеријата за јамата. Првата надеж за богатство била најдена на скоро 30 метри, камена плоча испишана со чудни букви кои што никој не ги разбирал. Во 1860 Џејмс Леичи професор на Далхоуси универзитетот во Нова Шкотска тврдел дека на плочата пишувало “12 метри подолу се закопани 2 милиони фунти”. Ова теорија се покажала како неточна.
Моментално длабочината на јамата е на околу 60 метри, но се стравува да се продолжи за да не дојде до поплавување на истата. Некои шпекулираат дека се работи за изгубениот накит на Марија Антоанета, некои велат дека таму се крие идентитетот на вистинскиот творец на драмите на Шекспир. Ништо од оваа не може да се докаже се додека не се открие богатството, или додека не стигнат до Кина.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.