Вештачка интелигенција произведена од Гугл ги исполни насловните страни откако открија дека е програмирана така што ќе може да учи како да се однесува агресивно.
Се работи за вештачка интелигенција која се создадена на принципот на волчји чопор, кои што ловат и собираат плодови, главната цел е соработката и заедништвото, но оваа игра со овошје понатаму станува по малку чудна. Секој си има квадрат во своја боја и патека кој што собира различни бои на овошје, вештачката интелигенција се натпреварува посебно, на ист начин како што би го направил тоа човек.
Работата е во тоа што им е дозволено и да се напаѓаат меѓу себе доколку сакаат да соберат повеќе овошје. Вештачката интелигенција станувала се по агресивна кога се намалувал бројот на овошје. Иако се работи за вештачка интелигенција а не за вистински робот, сепак повеќе од јасно е од што се плаши јавноста. Колку и да е интересна модерната наука никој не би посакал “Терминатор” сценарио.