Колку жени познавате кои што го смениле светот и оставиле свој впечаток засекогаш? Храбри, интелигентни, сочувствителни и силни, тие не се плашеле од иднината. Оваа е само мала листа од жени кои што со својот ум и убавина го смениле светот. Дали би додале уште некоја?

Жана Барет

Првата жена која што го обиколила светот. Облечена како маж , таа се качила на бродот со неколку ботаничари. Години подоцна Жана се вратила во Париз и на музејот за Природна Историја му подарила 3000 нови видови на растенија, со што добила благодарност од кралот и доживотна пензија.

Хериет Табмен


“Мојсеј” на борбата за слобода на Афроамериканците. Кога имала 13 години била константно малтретирана затоа што не сакала да повреди роб кој што бил во бегство. За време на Цивилната Војна била медицинска сестра и разузнавач, пишувала, учествувала во социјалните реформи во САД и инспирирала илјадници луѓе да се борат за својата слобода, без оглед на бојата на кожа.

Марија Кири


Најинспиративната жена од науката. Првиот истражувач кој што бил награден со две Нобелови награди, Марија Кири го отворила патот кон науката за илјадници жени. Заедно со нејзиниот маж го открила полониумот и радиумот, вршела истражувања за радиоактивност, и станала првата жена учител во историјата на Сорбона.

Вера Оболенскаја


Руска грофица и хероина на Францускиот отпор, таа првин работела како модел а подоцна и како секретарка. Вера била службеник за разузнавање, која што организирала бегство на Британски воени затвореници. Била фатена од страна на Нацистите, но дури и тогаш им се спротивставила со својата храброст, лојалност и хуманост. Таа била инспирација за сите мажи и жени кои се бореле против окупаторот.

Еленор Рузвелт


Првата дама на светот. Иако имала висока позиција Еленор објавувала статии поврзани со социјалните проблеми, активно му помагала на својот сопруг во политичките работи. Таа ги основала Обединетите Нации, и ја создала Универзалната Декларација за Човекови Права, и се борела за правата на жените.

Грејс Хупер


Програмер кој ги научи компјутерите да го зборуваат човечкиот јазик. Таа била првата жена која добила докторат за математика. На 37 години, волонтирала во морнарицата, напишала апликации за Хардвар, и го објаснила терминот наносекунди со едноставни зборови. Наградата наречена Грејс Хупер се доделува на годишно ниво на талентирани млади програмери.

Били Џин Кинг


Таа победила на тениски натпревар против маж, за да докаже дека жените заслужуваат еднакви права во спортот. Били го држи рекордот за најмногу победи на Вимблдон, и победила на сите натпревари на Гренд Слем. Како основач на Женската Тениска Асоцијација, таа има огромен придонес за развојот на женскиот спорт.

Наталиа Бекхтерева


Како ќерката на јавниот непријател, таа ја преживеала Втората Светска војна и го посветила својот живот на медицината и истражувања за мозокот. Како основач на Институтот за човечки ум во Русија, развила стотици третмани за нервниот систем. Наталиа била уверена дека човековиот ум има натприродни способности кои допрва ќе се откријат од науката.

Малала Јусуфзаи


На 11 години напиша блог за Талибанскиот режим, и го сподели своето размислување за образованието на девојчињата. За тоа Малала беше стрелана во главата, но успеа да преживее и да ја продолжи својата борба за правата на образование за децата од Средниот Исток. Таа основаше училиште во Либан за девојчиња бегалци од Сирија. На 19 години Малала е најмладиот добитник на Нобелова награда и симбол за надеж на милиони девојчиња.

Сподели на Facebook
пати видено