Во 1921 година, Паул Амадеус Диенач, учител од Австрија, кој што имал здравствени проблеми, паднал во коматозна состојба што траела една година. Во тој период неговата свест отпатувала во иднината во тело на друг човек кој живее во 3906 година.


Во својата книга Паул вели дека луѓето од иднината ја разбирале неговата состојба и ја нарекле “отргнување на свеста”, по што му ги раскажале поважните настани помеѓу 21-39 век, одбивајќи да му раскажат за 20ти век затоа што сметале дека може да се поремети целосната човекова ера. Паул по неговото будење во 1922 година ги запишал своите претскажувања првин во свој личен дневник, а потоа и книга.
Според Паул од 2000 па се до 2300 година човештвото ќе има проблеми со пренаселеност, уништување на животната средина, погрешен монетарен систем и многу економски проблеми, недостаток од здрави плодови и помали војни на локално ниво. Исто така луѓето ќе се борат за финансиски опстанок и ќе го запостават духовниот живот. Звучи познато ?


Во 2204 година ќе се колонизира Марс, со 20 милиони луѓе, но во 2265 сите ќе настрадаат во природна катастрофа и Марс повеќе никогаш нема да биде колонизиран. 2309 година е резервирана за глобална војна, каде што најмногу животите ќе ги загубат луѓето од жолта и црна раса. Парите нема да постојат во 2396 година и ќе има еднакви средства за сите. Луѓето ќе добијат натприродни способности во 3382, кои што се нарекуваат хипер интуиција и хипер визија. И “Златното Доба”, кое што сите го исчекуваме ќе трае од 3400 до 4000 година.
Дали Диенач бил луд, или пак сето оваа звучи толку неверојатно што би можело да биде вистинито, останува на идните генерации да ни потврдат.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено