Фантастичниот внатрешен хидропоничен систем на ИКЕА ќе ви овозможи да одгледувате свежи продукти во вашиот дом, а при тоа да нема потреба од почва и претходно градинарско искуство.
Звучи неверојатно, но се што користи овој систем е соодветна количина на светлина и вода, а најдобриот елемент е што целиот процес се одвива без почва. Апсорбентната пена која доаѓа заедно со системот на ИКЕА му овзможува на семето да никне и потоа продолжува да ја одржува влажноста на растението, при што спречува да дојде до прекумерно наводнување.
По `ртењето на семето растението се преместува во специјални садови поставени под соларна лампа, од каде што ја црпи светлината за растење. Исто така во садот се ставаат и вулкански камења кои што ја оддржуваат влажноста. Овој систем е многу ефикасен и може да биде сместен и во простории каде што воопшто нема сончева светлина.
Ова не е прва хидропонична градина, таа спаѓа под серија КRYDDA/VÄXER и е креаирана од страна на Шведски научници од областа на агрокултура, при што ги таргетирале потрошувачите што живеат во згради и немаат можност за градина, но и за оние кои што сакаат свежи плодови во зимските денови. Овој начин на одгледување растенија е брз, економичен и не одзема многу време и простор, навистина идеален за модерното општество.