Итар Пејо бил камен пијан среде бел ден. Излегува од селската кафеана, губи рамнотежа и обидувајќи се да остане на нозе удира во селскиот поп, кој во тоа време поминувал пред крчмата. Пејо:
– Здраво попе… јас сум Исус Христос…
Попот:
– Не, синко, НЕ СИ!!!
Пејо:
– Ајде да се обложиме на една ракија дека сум!
Попот видел дека нема како да се откачи од пијаниот Пејо, па се согласил.
Пејо му рекол:
– Дојди сега со мене да ти докажам!
И го фатил за раката да го внесува во кафеаната.
Меанџијата штом го видел извикал:
– Исусе Христе! Ти пак ли си тука?!

Сподели на Facebook
пати видено