Најчеста реченица со која што родителите ги советуваат своите деца е “Не зборувај со непознати”. Оваа мајка тврди дека теоријата е погрешна и треба да ги научиме децата да ги разликуваат “проблематичните” луѓе од добронамерните.

Џоди Нортон е мајка на четири деца, која што се нашла во ситуација што претставува кошмар за секој родител, и решила да ја сподели приказната на својот блог, како мерка за претпазливост и совет до сите родители. Имено Џоди се разбудила во болки, и решила дека е најдобро да се упати до најблиската болница. Нејзините постари синови Си Џеј(10) и Ти Давн (8) ги оставила пред болницата  да го чекаат нивниот сосед кој ќе ги одвезе на училиште, а таа со помалите две деца влегла во болницата.

Џоди и самата вели дека овој потег и бил многу погрешен, но за ситуацијата да биде полоша, дошло до недоразбирање со соседот за тоа каде моментално се наоѓа, па двете мали момчиња останале сами пред болницата 40 минути. Дури откако се вратиле дома од училиште, момчињата и раскажале на Џоди за нивното прво искуство со потенцијалните киднапери.

На двете момчиња им пришла возрасна жена, придружена од двајца мажи, која што барала од момчињата “Да тргнат со неа во тоалетот, и да и помогнат да го убеди своето момче, кое што се крие од лекарите, да излезе и да прифати да се лекува”. Дури откако Си Џеј одлучно рекол “Не, благодарам”, жената продолжила  да инсистира  велејќи дека “Нивната помош може да му го спаси животот на нејзиното момче”.

Момчињата ги одбиле уште неколку пати и во моментот кога киднаперите биле решени да употребат сила за среќа на момчињата пристигнал нивниот сосед и тие веднаш се качиле во автомобилот. Во тој момент забележале трет маж кој што излегол од тоалетот и избегал заедно со останатите киднапери. Џоди ги научила своите деца на правила за безбедност, од кои што Си Џеј се сетил на едно “Мамо знаев дека се лоши луѓе затоа што бараа помош, возрасните никогаш не бараат помош од децата”.

Пети Фицџералд креаторка на “Безбедно засекогаш”, го основа концептот на распознавање на “проблематичните луѓе”, кој што вели дека не треба да ги учиме децата да не разговараат со непознати, туку да ги распознаваат они кои што можат да им наштетат. Џоди се придржува до овие правила, и често ги советува своите деца како да се заштитат. Ова е добар пример за сите родители за тоа како да ги едуцираат своите најмили.

Сподели на Facebook
пати видено