Гари Робинс од Хомер, Аљаска, возач на камион бил уапсен по неговото неконтролирано возење без престан на растојание од 4800 километри, иако не е утврдено со која брзина управувал со возилото. Полицијата утврдила дека е под дејство на силни дроги.
Во полиција било пријавено неговото чудно однесување од сведоци кои се нашле на паркингот во Гринфилд и вработени од супермаркетот на самиот паркинг.
Полицијата едвај го стопирала откако тој завршил со работата, превезувајќи корени од малини. Кога го запреле, тој одбивал да признае и почнал да се однесува агресивно, фрлајќи ја неговата кредитна картичка во резервоарот за гориво. Тој конечно признал дека конзумирал кристален метамфетамин, ЛСД и кокаин иако не морал затоа што имало многу видливи знаци, како проширени зеници и забрзан пулс.