Алекс Нагл (17)  и Кати Домитрович (19), тинејџери од Тексас отишле во елитен ресторан со цел да  одглумат лажно запросување и да добијат бесплатна чоколадна торта и крем бруле. Фотографиите од запросувањето Кати ги објавила на својот профил на Твитер, по штодобиваат лавина од коментари од корисници на твитер.

Парот, инаку најдобри другари го планирале ова запросување, сакајќи да се пошегуваат со своите пријатели.  Алекс, кој претходно им наговестил на вработените во ресторанот и  ги замолил да фотографираат,  подоцна ја пречекал Кати со еден убав десерт, на кој пишува „Честитки”, клекнал пред Кати и ја побарал нејзината рака. Персоналот и гостите однапред им честитале, а потоа останале изненадени и не верувале во нивната намера, кога сфатиле за што станува збор.

 

Тие планираат да си ја пробаат среќата и на други јавни места,  како персоналот би паднал на овој штос и би им дал бесплатни услуги.

 

 

Сподели на Facebook
пати видено