Изгледа дека сите имаме подзаборавено дека вистинските вредности на Нова Година и Божиќ се моментите на споделување добрина, радост и настојувањето да разубавиме нечиј ден.
Токму сега е вистинското време да се оттргнеме од сивилото на зимата и да поттикнеме празничен дух. А, има ли нешто поубаво од тоа да направиме некого среќен во овие студени декемвриски предновогодишни денови?
Како и секоја година, одбројувањето до Нова Година започнува оној момент кога ќе ги видиме насекадe околу нас прекрасните слики на насмеаниот Дедо Мраз и Coca-Cola , телевизиските реклами кои од година во година нè инспирираат да уживаме во магијата на празниците и да споделиме нешто убаво.
Оваа година, Coca-Cola и Дедо Мраз ни ја носат новогодишната магија надополнета со моќна порака која нè освојува, потсетувајќи дека нема поубаво чувство од тоа да направиме некого среќен.
Навистина сме прекрасно изненадени со волшебната новогодишна етикета на Coca-Cola која е на пакувањата од половина литар. Со само неколку потега, етикетата се трансформира во црвена панделка претворајќи го Coca-Cola шишето во оригинален новогодишен подарок што ни ги освојува срцата. Одличен начин да измамиме насмевка и да внесеме радост во нечие срце.
Coca-Cola уште еднаш не потсети дека вистинската магија на новогодишните празници е во подарувањето од срце и желбата да направиме некого среќен, како и во споделувањето радост, љубов и оптимизам.