Селаните од областа Јајпур, во државата Одиша во Индија откопаа живо закопано новороденче, кое било оставено да умре во песочна јама. Селаните се посомневале дека има нешто под земјата, откако виделе како нешто мрда под песокот, тоа биле нозете на бебето кое останале на површината.
Станува збор за женско бебе, чија папочна врвка била недопрена, а телото било сеуште покриено со верникс – материја која се отрстранува веднаш по раѓањето. Лицето и било прекриено со памучна ткаенина. Бебето е пренесено во болницата Дармасала и нејзините параметри се стабилни, со тежина од 2.5 килограми. Докторите и нејзините спасувачи ја крстиле Дарити, што значи земја.
Областа во која било оставено бебето е практично депонија, населена од сиромашни семејства. Надлежните во овој случај се сомневаат дека детето било оставено, бидејќи родителите не можеле да се грижат за него или пак се работи за мајка која не била во брачен однос. По напуштање на болницата, девојчето ќе биде предадено на Државната комисија за заштита на децата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!