Уличните продавачи се вообичаена слика во градовите низ светот. Тие продаваат најразлични производи, буквално на улица поради високите цени на деловните објекти, со кои тие не можат ниту да изнајмат, а камоли да купат комерцијален простор.
Тоа не е случај кај овие продавници во подруми, сместени во соседна Софија, Бугарија. Ги нарекуваат ‘ Клек‘ продавници. За да купите производи од тука, буквално треба да клекнете на колена, бидејќи се сместени во подрумските простории и нивните прозори се само 30-ина сантиметри повисоки од тротоарите. Производите се приложени однадвор, како би можеле да ги видат муштериите.